| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: План со Турција за бегалците е приоритет за ЕУ

merkel

– Земјите­-членки на Европската унија со сите сили го поддржаа заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа – изјави германскиот канцелар Ангела Меркел рано изутринава, по повеќечасовните разговори со лидерите на 28­-члената Унија во Брисел. ­

– Денеска имам да соопштам нешто важно, а тоа е дека не само што го потврдивме Акцискиот план на ЕУ и на Турција, туку и го прогласивме за приоритет – рече Меркел говорејќи за планот за заштита на надворешните граници на Унијата, запирање на приливот на емигранти и изкоренување на илегалната миграција.

Таа нагласи дека и Австрија го поддржала планот и покрај нејзината еднострана одлука да воведе дневни ограничувања при влезот на бегалците и на емигрантите на австриска територија, пренесува Танјуг. ­ Во Европа сите секогаш сме партнери, нагласи Меркел. Таа порача и дека лидерите на ЕУ сакаат да постигнат договор со цел Велика Британија да остане во Унијата. ­

– Постои желба Велика Британија да се задржи во составот на ЕУ. Стана јасно дека спогодбата за таа цел за многумина нема да биде лесна, но таа желба постои – рече Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top