| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителство: Јанева не може да ги добие предметите за педофилија и оружје против Верушевски и неговиот син

zaev-verusevski-janeva-640x296

Основното јавно обвинителство – Скопје не ги отстапува предметите Маѓар Телеком, предметот против З.В. за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и предметот против Г.В. за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија на Специјалното јавно обвинителство.

-Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите пристигнати се три барања за доставување на кривични предмети и тоа: предметот во јавноста познат како Маѓар Телеком, предметот против З.В. за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и предметот против Г.В. за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија. Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите барањата ги темели на одредбата од член 11 став 2 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но истото воопшто не го зема предвид член 11 став 1 од Законот, согласно кој тоа јавно обвинителство ќе преземе контрола врз предметите што спаѓаат во стварна надлежност на истото. Стварната надлежност е уредена во член 5 став 1 од Законот. Имено, во оваа одредба јасно е кажано дека jавниот обвинител кој раководи со тоа јавно обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , како што е дефинирано во член 2 став 1 од Законот. Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека предметите што се бараат не се поврзани, ниту пак произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па од тука барањата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот, како и дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што на jавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот – стои во соопштението од Обвинителството.

Понатаму се додава дека Основното јавно обвинителство – Скопје се обратило до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе дали наведеното дејствие е законско дејствие на јавниот обвинител кој раководи со гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Со други зборови според Обвинителството обидот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги спасува лидерот на опозицијата Зоран Заев и Зоран Верушевски е политички и нелегален.

-Основното јавно обвинителство – Скопје во предвид ја имаше одредбата од член 7 став 3 од Законот, според која Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е професионално одговорен за стручните и законските дејствија при неговата работа пред Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Односно, законитоста на дејствијата на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство ја цени Советот на јавните обвинители на Република Македонија – додаваат од Основното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top