Најмалку две години се снимаат разговорите на фиксната телефонија во зградата на Јавното обвинителство на Република Македонија, а за тоа Основното јавно обвинителство Скопје отворило предистражна постапка, брифира републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната средба со новинарите.
На двата хард диска во централата се пронајдени сите телефонски разговори од 30 септември 2016 до денес, кои биле водени во Обвинителство внатре и оние повици кои доаѓале и оделе од фиксните телефони. Предистражната постапка треба да утврди дали некој од надвор ги користел податоците, дали телефонските разговори се изнесени надвор, кој сѐ имал пристап итн.
Обвинителството ќе истражува и дали се снимале разговори пред 30 септември 2016, односно уште од 2013 година откако се пушти во употреба новата зграда. Во таа зграда се сместени Основното, Вишото и Републичкото обвинителство.
Ќе се истражува и дали се снимале разговори во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое е сместено во друга зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.