| четврток, 6 декември 2018 |

Револуционерен новитет во ракометот, играчите ќе носат вградени камери на дресовите?! (видео)

rakomet

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави еден видео-прилог на Фејсбук кој ги открива новите револуционерни трендови кои технологијата ги носи во ракометот.
На прв поглед веднаш впечатливо е кадри кои произлегуваат од градите на ракометарите. Тоа се должи на камерите кои се вградени во самите дресови и во моментов се во фаза на тестирање.

Во прилогот се вели дека тие лесно би можеле да се вклучат во редовна употреба, со што директните преноси на еден ракометен натпревар би станале далеку поатрактивни, бидејќи гледачите ќе можат да видат од перспектива која ја има голманот додека му шутираат седмерец, да видат што гледа играчот кога оди на влез, или пак, како в е видикот на судијата кога донесува некоја важна одлука. Овие камери, велат, може да бидат вклучени дури и во преносите од Лигата на шампиоинте.

На почетокот на прилогот се споменува и сѐ подеталната статистика на движење на играчите и на топката по теренот, која е овозможена со вградување чипови и во топката и во опремата на ракометарите.

Innovation in handball

We're looking towards the future of handball analysis as the EHF experiments with new technologies to provide detailed live statistics and bring fans closer to the game than ever before!Read more about the tests at Fivers Handball Team and EHF EURO 2016: http://www.ehfcl.com/article/25129/

Posted by EHF Champions League on Tuesday, February 16, 2016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top