Рудари во Ангола пронашле дијамент чија вредност се проценува на дури 14 милиони долари.
Станува збро за 404-каратен дијамент долг 6,9 сантиметри и тежок 76,5 грама. Пронајден е во полето на дијаменти Луло во провинцијата Лунда Норте. Го ископале работници на компанијата „Локапа дајмонд“ од Перт, Австралија.
Спекракуларниот дијамант го собори претходниот рекорд кога во 2007 година беше пронајден 217,4-каратен дијамант. Директорот на компанијата изјави дека дијамантот е награда за осумгодишната работа.
Откако компанијата го објави ова, нејзините акции „скокнаа“ за 29 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


