| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец измамен на улица за 1 200 евра: Му оставиле лажен дијамант како гаранција и не се вратиле

На 30.01.2018 година околу 13.00 часот Т.Д. (69) од Гостивар пријавил дека истиот ден во населбата Малеарди бил измамен од две непознати лица. Непознатите лица го пресретнале и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел. Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во авто-сервис не им ги примале чековите за да го поправат возилото, а морале да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница.

Притоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил „дијамант“ и му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат, доколку им даде 72.000 денари. Т.Д. им ги дал парите во апоени од по 2.000 денари, но тие не се вратиле.

На Т.Д. набргу му станало јасно дека дијамантот е лажен и дека е измамен од двете непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top