Најмалку 17 лица се загинати во стампедото, кое се случи вчера на само седум минути од почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу Санта Рива и Рекреативо Либоло во Ангола. Повредени се 60-тина гледачи, од кои петмина се во животно загрозувачка состојба.
17 dead, scores injured in football match stampede in Angola – hospital chief https://t.co/uGWT6skEIn pic.twitter.com/Qnz5Iflrqh
— European Awakening (@EuropeAwaken) February 10, 2017
До трагедијата, која се случила на стадионот во градот Уиге во северниот дел на африканската земја, дошло кога во и онака преполниот стадион се обидела да влези нова поголема група на навивачи. Капцитетот од 8.000 седишта веќе бил пополнат, но надвор се уште имало луѓе со купен тикет.
Вратите на натпреварот биле обезбедувани од само два полисциски службеници, а и челниците и на двата фудбалски клуба вината ја гледаат токму во полицијата.
Поголемиот дел од загинатите се деца, кои биле прамали да се тргнат од толпата и биле прегазени во налетот на луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)