Еден париски трговец со дијаманти викендот бил ограбен на необичен „филмски“ начин. Крадците меѓу саботата и понеделникот провалиле во просториите на едно претпијатие кое има заеднички ѕид со јувелирницата во центарот на Парис, го пробиле ѕидот и влегле во просториите каде биле дијамантите. Изнеле драгоцености во вредност од два милиона евра, соопшти француската полиција.
Последните години бројот на напади врз златарници и јувелирници во Франција неколкукратно се зголемил. На 23 мај лица со секира и пиштол на една од најлуксузните улици во Парис, Ри д ла Пе (Rue de la Paix), украле накит вреден повеќе милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


