| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнителни чекори на Катица Јанева: Повлекува предмети кои немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори

Катица Јанева поднела барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво по член 396 ст.1 од Кривичниот Законик и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, казниво по чл.193 од Кривичниот Законик“, за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години, објави порталот „Пресс 24“.

Освен овој предмет, Катица побарала да го повлече од обвинителството и предметот за педофилија кој се води против синот на Зоран Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија.

Имено, во јануари лани МВР поднесе две кривични против Верушевски и синот кои беа процесуирани до Јавното Обвинителство.

Каква поврзаност има случајот на педофилија, односно прикажувањето на порнографски материјал на дете со прислушувањето разговори, и зошто јавната обвинителка смета дека треба да го води засега нема одговор. Нема одговор ниту каква поврзаност со прислушуваните материјали има фактот што Верушевски кога заминувал од МВР не го раздолжил службеното оружје.

Овие два сомнителни чекори на Јанева следат откако претходно СЈО го побара и предметот за поткуп против Зоран Заев, кога осомничениот во својство на градоначалник, бара мито од 100.000 евра за црквата и 100.000 евра за неговиот брат Вице Заев.

На сите овие потези на Катица Јанева и претходеше ослободувањето од притвор на Зоран Верушевски, за кое неговата сопруга, исто така обвинета во случајот Пуч, јавно му се заблагодари на Зоран Заев.

Месец ипол откако Верушевски беше ослободен, а Заев ги предаде незаконско прислушуваните материјали, лидерот на СДСМ обелодени дека бројот на разговорите по излегувањето од притвор на Зоран Верушевски му се зголемил од 600.000 на 1.050.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top