| четврток, 6 декември 2018 |

Мултимедијален проект „Конекција 2“ во македонскиот културно-информативен центар во Софија

Мултимедијалниот  проект  Конекција 2“, на кој ќе биде отворена групна ликовна изложба, ќе бидат интерпретирани стихови од македонски поети и исполнувана македонска музика, утре ќе биде претставен во македонскиот културно-информативен центар во Софија.
На изложбата ќе бидат претставени дела во различни техники. Од областа на сликарството се делата на Перица Георгиев – Пепси, Иво Пецов, Марјан Ѕин, Ице Огненовски – Мерко, Јовица Миленов и Јорданчо Ристовски. Со графика ќе се претстават Павел Целковски, Горан Тричковски и Зоран Мише.  Слободан Милошески се претставува со скулптури, Адриана Јованоска со накити и Маријана Иванова со плакати.
Во музичко-поетскиот дел од вечерта, Ѓорги Георгиев и Пламен Великов ќе интерпретираат стихови од Ацо Шопов и Миџаил Ренџов а во музичкиот дел ќе бидат исполнети неколку популарни македонски песни.
Иницијатор и организатор на овој проект е Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, а настанот ќе го отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и годинава освен во Софија ќе биде претставен и во уште неколку други градови во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top