Осумдесет панцири што се најдени кај Чауш имаат директна врска со акцијата на терористите во Кумановско, пишува Драган Павловиќ- Латас во неговата најнова колумна „Мортиша“.

„Има и една дополнителна фаза, која ќе следи наскоро, допрва: учеството на Заев и на Оливер Спасовски во набавката и намената на околу 80 панцири што се најдени кај Чауш, и кои имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско Диво Насеље“, пишува Латас.
Во колумната, Латас додава дека Заев е единствен од политичарите со високи амбиции, кој е амнестиран за криминал од осум милиони евра, има две обвиненија, а плус е сомнителен и за соработка со криминалот на фалсификаторот Чауш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


