Популарната пејачка Ријана (27) се испроба и во улогата на моден креатор на ревијата во Њујорк во текот на Модната недела и ја претстави својата колекција „Фенти Пума“ инспирирана од Јапонија, со речиси исклучиво црни-бели креации.
Во интервјуто воочи ревијата, која е одржана во мрачна атмосфера налик на шумска, на сцената опкружена со чад и огледала, пејачката рекла дека „ужива во креирањето и изразувањето на „лудите“ идеи што ќе ѝ паднат на памет“, пренесува АП.
„Тоа е најдоброто во сè – имате можност да се изразите. Уживам во откривањето на различните стилови, материјали и кроеви, што не е лесно, но не е ниту многу напорно – истакнала Ријана, додавајќи дека модата за неа е нешто што природно се манифестира.
На ревијата на која е претставена колекцијата на Ријана за марката „Пума“ присуствувале бројни љубители на модата – американскиот актер Крис Рок, супермоделот Наоми Кампбел, пејачите Ни-Јо и Пит Венц, раперот Тревис Скот, креаторот Џереми Скот и уредничката на „Вог“ Ана Винтур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.