Вечерва, 12 февруари во големиот салон на Галерија „Ко-Ра“, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена изложба, инсталација, мултимедијален перформанс „Либер танго“.
Мултимедијалниот перформанс е со учество на Студиото за танц „Фамилија Тангови“ и дваесетина ликовни уметници помеѓу кои се имињата на Илина Арсова, Јасмина Бошевска, Гордана Бурзевска, Сарита Конеска, м-р Жаклина Глигориевска Кочовска, м-р Билјана Јовановска, Снежана Манасиќ, Сузана мр Шќипе Мехмети, Сузана Миновска, Дубравко Наумов, Дороти Пачкова, Антонио Пирковски, Ивана Пирковска, м-р Марија Светиева, Душица Степаноска, м-р Марија Рашковиќ, м-р Маја Танева, Ацо Таневски, Емилија и м-р Стојче Тоциновски., како и м-р Јана Јакимовска….
Отворањето на изложбата во 20 часот која ќе прерасне во танц перформанс до 24 часот. Влезот е слободен за сите кои ја слават уметноста, танцот, виното и радоста на живеењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.