| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 6,5 илјади џихадисти кои бегаат од Сирија се кријат во Либија

Од три до 6,5 илјади борци на терористичката групација Исламска држава се кријат на територијата на Либија, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во Либија Мартин Коблер.

dzihadisti-thepicaproject-org-650x364

Тој ги објави податоците за време на средбата во Мадрид со в.д. министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Набуел Гарсија Маргаљо.

Според претставникот на меѓународната организација „ситуацијата во Либија е мошне блиску до хаотична“.

Коблер нагласи дека борбата со ИД во Сирија ги принудува терористите да бегаат во Либија.

– Колку е поголем притисокот врз ИД во Сирија, толку повеќе џихадисти бегаат во Либија – рече тој и ги повика либиските политичари да ги извршат своите обврски за формирање на влада на национално единство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top