Рускиот генерал Валерио Асапов е убиен во Сирија откако терористите на Исламската држава го бомбардирале градот Дејр ел Зор, соопшти руското Министерство за одбрана.
Асапов бил во командантниот центар на сириските сили и им помагал на тамошните команданти за време на ослободувањето на Дејр ел Зор од терористите.
„После неочекуваниот напад на терористите на Исламската држава, Асапов бил смртно ранет од експлозија”, се вели во соопштението.
Како што најави и Министерството, генералот ќе биде и постхумно одликуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.