| четврток, 6 декември 2018 |

Антитерористичка анализа: ИСИС наскоро ќе стане Ал Каеда на стероиди, а единствено бара жени и секс (видео)

Водечкиот експерт за антитероризам во Ирак Лахур Талабани за Ројтерс вели дека по губењето на териториите  „ИСИС ќе крене толку голем бунт што ќе прерасне како Ал Каеда на стероиди“.

-Иако групата е поразена во Мосул на почеток на месецов , борбата против милитантите би можела да потрае уште четири години- Вели Талабани кој предвидува дека борбата кај Рака ќе биде долга и крвава. Овој експерт смета дека лидерот на ИСИС абу Бакр ал Багдади жив.

-Сигурни сме дека е жив. Не заборавајте дека неговите корени одат далеку во минатото, се до Ал Каеда во Ирак. Се криеше од безбедносните сили. Тој добро знае што прави и сега се наоѓа некаде јужно од Рака- посочува Талабани.

Заробените сопруги на милитантите „Единствено што сакаат е секс“

Москва  во јуни изјави дека ал багдади е убиен во воздушен напад, но американскиот Пентагон , сириските курдски сили и ирачките служби реагираа дека неможат да ја потврдат неговата смрт.

СиЕнЕн објави видео сторија за сопругите на милитантите на ИСИС кои по поразот останаа заробени со децата во сириските кампови.

-Ни рекоа дека одат во џихад заради Господ, заради Алах, но единствено што тие всушност сакаат се жени и секс. Тоа е одвратно- вели една бегалка.

-Однесувањето на жените во кампот е далеку од исламот, остри се, оговараат, викаат една на друга, си зариваат ножеви во грб, се караат… Бев изненадена од тоа- опишува друга жена од кампот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top