| четврток, 6 декември 2018 |

10 пати повеќе џихадисти во Шведска

Шведската разузнавачка служба САПО соопшти денеска дека државата е прибежиште за околу 2.000 екстремисти што е за околу 10 пати повеќе отколку во изминатите десет години.

Шефот на САПО Андерс Торнберг тој раст го припишува на „софистицираната пропагандна машинерија“ на ИД.

– Битно е сите во Шведска да преземат одговорност за тој тренд, и тоа пред да биде извршен напад или насилен чин, изјави Торнберг за локални медиуми.

Тој додаде дека во Шведска моментно има околу 3.000 насилни екстремисти од кои 2.000 имаат исламистички мотиви. Останатите се симпатизери на десничарски или екстремно левичарски групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top