| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетите во случајот „Диво Насеље“ тврдат дека не се терористи и не чувствуваат вина

Продолжува судскиот процес за обвинетите за случајот „Диво насеље“. Адвокатите на одбраната ги изнесоа своите воведни говори, а обвинетите тврдат дека не се терористи и не не се чувствуваат виновни за делата за коишто се товарат.

sudenje za divo naselje 9 (Custom)

Според одбраната  правната квалификација „тероризам“ не може да опстои како што е наведена во обвинителниот акт и не постојат елементи за такво кривично дело.

divo naselje 19 (Custom)

Одбраната тврди дека со изнесување на факти и докази, ќе се обидат да ја докажат невиноста на обвинетите за настаните во кумановско Диво насеље, во мај минатата година.

sudenje za divo naselje 5 (Custom)

Дел од обвинетите пред судот изјавија дека биле дел од монтиран и исцениран процес и дека биле наместени и искористени за политички цели.

 sudenje za divo naselje sokoli 1 (Custom)

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top