| четврток, 6 декември 2018 |

Погоден патнички авион при слетување во Триполи

Авион со 150 патници бил погоден со истрели од огнено оружје додека слетувал на аеродромот во Триполи. За среќа ниту еден од патниците не бил повреден, а авионот не претрпел поголеми штети.

„Боингот 737“ на либиската авиокомпанија бил погоден во трупот во делот каде што е сместен тоалетот на неколку километри од аеродромот во Триполи, но засега не е познато дали станува збор за напад или за заскитани куршуми. Инцидентот предизвикал паника меѓу патниците, а една жена била пренесена во болница од шокот што го доживеала.

Пукањето за време на прослави е редовна појава во Либија, каде што има големо количество оружје во рацете на народот по војната во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top