Најмалку 30 луѓе се убиени, а околу 100 се ранети во новиот бран судири меѓу ривалските милиции, што во Триполи траат од понеделникот, соопшти министерството за здравство. Локалните медиуми тврдат дека е договорен прекин на огнот.
Најновиот биланс на жртви е соопштен непосредно пред ривалските вооружени групи повторно да се судрат за аеродромото во Триполи, со продолжување на пет дневни борби околу престолнината на Либија.
Од симнувањето од власт на Муамер ел Гадафи, Либија е во хаос, бидејќи со државата раководат ривалски влади во Триполи и во источниот дел на земјата, додека вистинска сила имаат единствено локалните милиции.
извор:макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.