До 29 февруари е отворен конкурсот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ за предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2016“ која годинава ќе се реализира под мотото „Поврзи ме со креативноста“.
Право на учество на Конкурсот имаат физички лица-креативци и правни лица кои делуваат во областа на креативните индустрии, а кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија.
За учество на конкурсот треба да се достави пополнета пријава од областа на креативните индустрии, која е составен дел од Конкурсот, и е објавена на веб-страницата на Конгресниот центар „Александар Македонски“ (www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk) и на официјалната страница на фестивалот „Скопје креатива“ (www.skopjekreativa.mk).
Електронски пополнетата пријава треба да се достави во печатена форма до ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б, 1000 Скопје, или лично во писарницата на Конгресниот центар, најдоцна до 15 часот од последниот ден на Конкурсот, 29 февруари.
Реализацијата на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива“ е поддржана од Град Скопје со цел да се промовираат, афирмираат и создаваат конкретни поризводи и услуги од областа на креативните индустрии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ралф Ѓони, ПР и комуникации за брендирање на градови: Да се брендира град значи да се креира атрактивна приказна
-
Почна фестивалот „Скопје креатива 2017“
-
Почнува ново издание на Скопје креатива: „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!
-
Собата на Ван Гог, мебел од еко дизајн и проекции на студентски филмови на „Скопје креатива 2017“