| четврток, 6 декември 2018 |

Ралф Ѓони, ПР и комуникации за брендирање на градови: Да се брендира град значи да се креира атрактивна приказна

Има многу градови што развиле успешни стратегии на брендирање и што ја раскажуваат својата приказна на брилијантен начин. Во случајот на Скопје, верувам дека има голем потенцијал да развие атрактивна ПР и брендинг стратегија. Би сакал да придонесам за вашиот град ако некогаш одлучам да се ангажирам во професионална долгорочна кампања на брендирање, вели Ѓони.

Фестивалот за креативни индустрии „Скопје Креатива 2018“ и оваа година ќе ја оправда улогата на проект што нуди поинаква приказна, а освен што ги поддржува и промовира македонските креативци, на секое издание носи звучни имиња од странство од областа на креативните индустрии. Така и овојпат на фестивалот од 11-13 мај во МКЦ, доаѓаат екслузивни гости од повеќе творечки области, кои ќе одржат работилници и предавања во рамки на програмата. Ралф Ѓони од Албанија, ПР и коминикации за брендирање на градови, е еден од нив. Тој е основач на „Футур“ со седиште во Тирана, која работи на пазарот на Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора. Дипломирал на Кралскиот колеџ во Лондон, а работел во Велика Британија неколку години.

Вашето поле на работа се односи со јавноста и брендирање на градови… Кажете ни нешто повеќе за тоа?

– Работам како ПР и во областа на комуникациите повеќе од 18 години и моето искуство се протега низ Велика Британија, САД и Балканот, а најмногу во Албанија во последниве осум години. Имав среќа да работам и во приватениот сектор, и за владата, и можам да кажам без двоумење кога се работи за односите со јавност и двете сфери се силно поврзани. Владите генерално немаат многу стручност за промоција на своите земји. Локалните власти, особено тука на Блаканот, дури имаат помал капацитет во нивната локална администрација да ја покријат професионално и ефикасно областа на односите со јавност. Тука власите имаат потреба од професионални приватни компании што ќе им помогнат да ја промовираат нивната земја и нивните градови. За време на мојата работа во Лондон за многу позната глобална ПР фирма претставуваме неколку земји и работевме со нивните влади за промоција на нивниот развој и агенда на инвестиции. Слично, за време на мојот ангажман за албанската влада во последниве години, бев инволвиран во неколку промотивни проекти за владата и исто така за градот Тирана. Во моментов мојата компанија „Футур паблик афеарс“ работи на развивање на промотивни и ПР кампањи низ Балканот и ние служиме на различен спектар на клиенти, како владини организации, така и на приватни компании.

Можете ли да го објасните концептот на брендирање градови?

– Па, изгледа како дел од комплицирана наука, но во суштина е многу едноставно. Да се брендира град значи да се креаира атрактивна приказна што ќе се раскаже и која ќе ги натера луѓето да го посетат, да инвестираат или да живат во тој одреден град. Градовите, како и компаниите, како црквите или театрите, треба да ги соберат луѓето за да функционираат. На луѓето им треба приказна што се продава, која ќе ги убеди да посетат еден град, да отидат во црква, да купат некој производ, или да отидат и да погледнат филм во кино или претстава во театар.

Типот на брендирање зависи од тоа што конкретниот град сака да постигне. Дали сака да привлече туристи? Дали сака да привлече инвестиции и да напраби да порасне неговата популација Потребите ја одредуваат стратегијата и приказната што треба да биде раскажана на јавноста. Кои градови се успешни брендови?

– Има многу градови што развиле успешни стратегии на брендирање и што ја раскажуваат својата приказна на брилијантен начин. Одредени метрополи како Лондон, Париз или Њујорк се она што се нарекува „успешно брендирани градови“. Тие продолжуваат да инвестираат во нови и иновативни стратегии наменети на одредени потреби на градот. Некои градови одлучиле во еден момент комплетно да ја редизјанираат нивната приказна и се ангажирани во долгорочни ПР кампањи за да ја постигнат таа цел. Можам да ја споменам тука кампањата за Амстердам во Холандија или „ONLYLYON“ стратегијата за вториот најважен француски град Лион кој во минатото страдал од сиромашната слика создадена за него. Мелбурн во Австралија, Хамбург во Германија и Глагов во шкотска исто така имаат успешни кампањи во изминатите десет години и нивната работа дава резултати. Главните градови во регионот учат многу како да се движат напред преку ПР кампањи и стратегии за брендирање. Во случајот на Скопје, верувам дека има голем потенцијал да развие атрактивна ПР и брендинг стратегија. Би сакал да придонесам за вашиот град ако некогаш одлучам да се ангажирам во професионална долгорочна кампања на брендирање.

Доаѓате во Скопје на фестивалот „Скопје креатива“ наредниот месец. За што ќе зборувате пред публиката и што ќе им порачате на младите дизајнери?

– Многу сум благодарен за поканата и среќен сум што ќе се обратам до младата публика на „Скиопје креатива“. Ќе се фокусирам на предизвиците на ПР индустријата и брзорастечкиот бизнис свет и како сето тоа да се пренесе во нашиот регион. Иако во последниве десет години технологијата нашрави полесно да ја раскажеме нашата приказна на светот, верувам дека експнзијата на социјалните мрежи и медиуми го закомплицираа целиот концепт на раскажување приказни. Токму затоа во еден ваков жив и променлив пејсаж, компаниите и владите треба да се оддалечеат од мрзливиот ПР и да се фокусираат на паметен и кретивен ПР. Интерективната работилница во Скопје ќе се занимава со денешните предизвици на ПР пазарот и со начините на кои раскажувањето приказни ќе се однесе на ново ниво, интерактивно и креативно, за добивање на мерливи резултати. Морам да му честитам на градот Скопје за организацијата на еден ваков иновативен и креативен фестивал. Другите градови во регионот можат од овој пример да научат многу.

Успешен бренд, што значи тоа?

– Па, тоа значи ефикасно да се пренесе вашата порака и приказна до публиката и да се добијат резултати. Ако имате цел, а кампањата на брендирање ги дава поскауваните резултати во привлекување на таргетираната публика, тогаш станува збор за успешна стратегија на брендирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top