Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА литера“ од Скопје, неодамна ја објави книгата „Македонската лустрација“ од Предраг Димитровски.
Книгата е поделена во два дела – првиот насловен „Горчлива вистина“, а вториот „Лица без маски“. Во првиот дел авторот се осврнува на правниот, општествено-политичкиот и етичкиот аспект на македонската лустрација. Вториот дел, кој е пообемен, содржи историски документи, коментари и делови од дваесетина досиеја, кои ја потврдуваат соработката со поранешните тајни служби на поединци, кои отворено настапија против процесот на лустрација, како и на „угледни и видни“ личности од претходниот систем. На овој начин пред јавноста аргументирано се укажува на дејствувањето на тајните служби, кои во улога на господари на животот и смртта биле темел и основа за изградба и функционирање на комунистичкиот режим. Ставени во функција на заштита на комунистичките лидери, илустративно е претставено нивното дејствување во елиминирањето на „идеолошки неподобната“ интелигенција, групи и поединци и во формирањето на строго контролирана интелектуална „елита“…
Предраг Димитровски е новинар и публицист. Процесот на лустрацијата во Република Македонија го следеше како новинар, како советник во Комисијата за верификација на фактите (т.н. Комисија за лустрација), а потоа беше вклучен во процесот на лустрацијата како член на таа комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски