| четврток, 6 декември 2018 |

Северина ја доби битката со Милан, судот пресуди во нејзина корист

seve

Малиот Александар Поповиќ се враќа во градинката во која своеволно го запиша неговата мајка Северина Којиќ. Жупанскиот суд во Загреб ја поништи одлуката на Општинскиот суд, според кој Александар не смееше да оди во градинката во која го запиша мајка му бидејќи претходно не се консултирала со неговиот татко Милан Поповиќ.

Синот на пејачката не посетуваше градинка пет месеци по одлуката на Општинскиот суд, затоа што српскиот бизнисмен и правно се побуни против изборот на градинката.

Извор близок на Северина, за хравтски „Дневник“ вели дека таа е многу задоволна со одлуката на Жупанскиот суд.

Освен околу ова, Милан и Северина се тужат и за старателството над Александар, кое во моментот го делат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top