Дефинитивно се повлекувам од лидерската позиција – му соопштил Бранко Црвенковски на највисокото партиско раководство на состанок кој се одржал неодамна, објави „Дневник“. Според нивни извори од Бихаќка, нема дилема дека по конгресот, кој сѐ уште не се знае дали ќе се одржи во мај или во јуни, Црвенковски заминува од лидерското место, но тоа не значи и целосно повлекување од партијата. Повеќе од сигурно е дека Црвенковски ќе остане почесен претседател на СДСМ, односно, како што пишува „Дневник“, ќе биде лидер во сенка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


