| четврток, 6 декември 2018 |

Дубаи – град во кој владее шеријатскиот закон, а врие од проститутки

Дубаи

-Овде се води паралелен свет. Еден е за јавноста, а друг за приватноста. Ова е шеријатска држава каде што се би требало да биде во хармонија со исламската религија, а притоа никаде нема повеќе проститутки како тука – со овие зборови еден хрватски државјанин го опишал животот во Дубаи каде што работи веќе пет години.

Споредувајќи го животот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, тој изјавил дека некои работи се поевтини од Хрватска, а со самото тоа и од земјите во регионот, како горивото, превозот и цигарите. Од друга страна, режиските трошоци, здравственото осигурување, школувањето и излегувањето се далеку поскапи.

Хрватскиот државјанин, кој работи како стјуард, во Дубаи живее од април 2011 година. Тој вели дека културолошките разлики се многу големи.

– Казните за криминалот се сериозни, и ретко ќе доживеете физички напад или кражба во јавност и во јавен превоз, или напад на улица. Луѓето не се љубоморни едни на други без оглед на тоа дали имаат повеќе или помалку пари. Нема бездомници и луѓе кои пребаруваат по ѓубрето во потрага по храна – вели Хрватот.

Општеството во Дубаи е опишано како модерно робовладетелство. Градежните работници работат од 12 до 14 часа на ден за плата од 200 евра. Работат по најголемите жештини, без слободен ден, па дури по 20-тина живеат во една соба со еден тоалет. Туристите не можат да го видат тоа поради сјајот на Дубаи.

– Жителите на Емиратите се луѓе кои преку ноќ дошле до пари, но за жал се „без мозок“, и тераат американски стил на живот на арапски начин – раскажал Хрватот за порталот „034 портал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top