| четврток, 6 декември 2018 |

Кањелјас и Вардар потпишаа тригодишна соработка

Од сезоната 2016/2017 нов ракометар на РК Вардар ќе биде Хоан Кањелјас, шпански репрезентативец кој игра на позицијата лев – среден бек.

kaneljas 1

Договорот со Кањелјас е со важност од три сезони. Тој ќе биде четвртиот играч Шпанец во нашите редови по Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев кои сега се дел од тимот, заедно со тренерот Раул Гонзалез и неговиот асистент Давид Дејвис Камара.

Кањелјас викендов беше во Скопје каде имаше можност да се запознае одлиску со нашиот клуб и со условите што ќе ги има, и да го гледа натпреварот од женската Лига на шампионите меѓу Вардар и Савехоф.

Кањелјас има искуство во играње во најдобрите европски лиги, во Шпанија и во Германија. Од 2013 година настапува во Бундеслигата, во екипите на Хамбург и Кил. Зад себе има настапи и во финалето на ЛШ, освојувач на Супер Глоуб, медали со репрезентацијата на Шпанија на СП и ЕП.
Последниот успех му е сребрениот медал на ЕП 2016 година во Полска.

– Вардар продолжува со создавањето на респектибилен тим, и од следната натпреварувачка сезона ќе добие уште едно звучно и квалитетно ракометно име. Шпанскиот репрезентативец Хоан Кањелјас во следните три сезони ќе биде дел од нашиот клуб. Верувам дека со неговото искуство ќе донесе дополнителен квалитет во играта што ќе ни овозможи да бидеме уште подобри како тим. Неговите индивидуални квалитети се добра референца за нашите очекувања во следниот период. Се надевам дека заедно ќе бидеме уште поуспешни – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

фото: рк вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top