| четврток, 6 декември 2018 |

Oдговорете на овие три прашања од Пауло Коелјо на кои 95 отсто од луѓето грешат

PAULOprofimedia-0146637919_1000x0

Со денешната технологија, се повеќе сме склони кон заборавање на работите. Во таа цел, бразилскиот писател Пауло Коелјо на својот блог објави тест за утврдување на деменција, кој се состои од три прашања.

Решавањето на тестот, кој 95 отсто од луѓето го решаваат грешно, ќе ви покаже дали треба посериозно да се зафатите со ментални вежби и загатки кои го вежбаат мозокот.

  1. Што ставаме во тостер?

tost profimedia-0004813788_1000x0

Oдговор:

Леб! Понекогаш поради брзање, грешно се одговара дури и на најпростото прашање. Доколку одговоривте „тост“, треба да е замислите!

2. Речете свила на англиски (silk) пет пати

Потоа, спелувајте го зборот свила (ес-ај-ел-кеј).

И сега, одговоренте на англиски – што пијат кравите?

KRAVAprofimedia-0008938531_1000x0

Oдговор:

Кравите пијат вода. Ако одговоривте млеко (milk), мозокот повторно ви кикснал на ова прашање.

3. Баз користење на дигитрон, решете го овој проблем:

Возите автобус од Лондон до Милфор Хејвен во Велс. Во Лондон 17 дупи влегуваат во автобусот.

Во Ридинг шест слегуваат, а девет нови патници се качуваат. Во Свиндон слегуваат двајца, а влегуваат четири нови патници. Единаесет патници слегуваат во Кардиф, но 16 нови се качуваат, Во Сввенсеј слегуваат тројца, а петмина влегуваат во автобусот. В Кармартен шестмина слегуваат, а три лица се качуваат. Стигнувате во Милфорд Хејвен.

autobusi gsp foto promo (9)_1000x0

Без гледање горе, кажете колку години има возачот на автобусот?

Oдговор:

Зарем заборавивте кога сте родени? Вие го возите автобусот, ви текнува?!

Доколку мозокот повторно си игра со вас, само сетете се дека дури 95 отсто од луѓето паѓаат на овој тест.

 

Извор: Prva.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top