Доколку пророштвото е дисциплина која ве интересира, па сакате да слушнете што зборуваат оние кои наводно можат да ѕирнат во иднината, прочитајте што за 2016 година предвите Крег Хамилтон-Паркер, контроверзен британски јасновидец. Крег Хамилтон-Паркер помеѓу другото најавил обид за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел, па навел дека ќе дојде до зајакнување на десницата во Шпанија, Италија и Франција, поради што ќе има големи нереди на улиците во тие држави…
Еве што друго предвидел Хамилтон-Паркер:
– Меѓународната терористичка група ИСИЛ, активна во Германија, ќе се обиде да ја убие канцеларката Ангела Меркел.
– Доналд Трамп ќе се повлече од трката за Белата куќа поради болест, а битката ќе ја продолжат Џеб Буш и Хилари Клинтон. На крај ќе слават републиканците, но дури откако во последен момент ќе го променат кандидатот.
– Ќе зајакне десницата во Шпанија, Италија и Франција што ќе доведе до големи нереди на улиците.
– Комета или астероид многу брзо ќе се приближува кон Земјата, а научниците нема да имаат појма за тоа.
– Индиската економија ќе продолжи да расте, но затоа ќе дојде до распад на кинеската валута, по превирањата до кои ќе дојде од „зад завесите“.
– Ќе се случи политички скандал откако ќе се појават фотографии на кои севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе биде гол.
– Турција ќе ги нападне Курдите во Сирија.
– Ќе дојде до нов бран бегалци од Украина и Грузија бидејќи Русите ќе делуваат поостро.
– Голем потрес на Хималаите ќе доведе до пукање на брани.
– Незапамнтени врнежи ќе расипат дел од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
– Ќе се случи референдум поврзан со Европската унија и излегување на некои земји од заедницата.
– Пожар ќе зафати една од историските холандски градби и во таа прилика некои ремек-дела ќе бидат целосно уништени.
– Во борбата против терористите, односно во нивно следење, ќе се применува нов облик нанотехнологија.
– Принцот Филип, војвода од Единбург, тешко ќе заболи и со операција ќе му го спасуваат животот.
– 2016 ќе биде година на ненадејни промени во природата, а морето ќе „проголта“ еден јапонски остров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.