Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнограгфија , се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација – „Фејсбук“ месинџер“ и „Интаграм“, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.
Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднел барање и за определување мерка притвор.
По спроведената постапка, судијата на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Малолетничка и нејзиното куче нападнати од пит бул – девојчето искасано, кучето умрело
-
Струмичанец затаил данок за заработени 20 000 евра на Фејсбук
-
Струмичанец заработи кривична: Го фатиле кај „Војничка чешма“ со 21 кило марихуана