СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Б (52) од Струмица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Лицето на 30 октомври 2017 бил фатен од граничната полиција во реонот граничен камен 12 кај месноста викана „Војничка чешма“ со 21 килограм опојна дрога марихуана. Од страна на СВР-Струмица прееземни се мерки и активности во насока на утврдување и идентификување на сторителот кој критичната вечер имал намера опојната дрога да ја криумчари, како и на идентификување на организарите на овој кривично правен настан, велат од полицијата, кои вчера извршиле претрес во неговиот дом.
– Вчера по претходно добиена наредба од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, извршен е претрес на дом и други простории каде што живее пријавениот. При претресот се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу 19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама (кои се дадени на дополнително вештачење), како и 16 200 денари, 4 055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1 000 унгарски форинти, 20 полски золти, мобилни телефони и дигитална вага, информираат од СВР Струмица.
По целосно расчистување и документирање на настанот ос страна на СВР – Струмица изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена е до ОЈО Струмица.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.