Промоција на стихозбирката „Помеѓу сонот и јавето“ на Христина Деолска се одржа синоќа во кафе-барот Центар во Делчево. Поетесата е родена делчевка, која долго време живеела во Дебар, но своето прво објавено литературно дело таа го промовираше во родното Делчево со што се запиша на долгата листа на роднокрајни автори во ова гратче.
– Книгата има 47 песни кои се инспирирани од животот и се заокружени во една целина. Издавач на книгата е „Дата Песнопој“ од Битола – рече Деолска.
Инаку, во рамките на оваа промоција беа изложени цртежи во техника енкаустика. – Имам околу 200 вакви цртежи изработени со оваа, малку позната техника кај нас, која потекнува од Египет. Овде е изложен помал дел. Тоа е стара техника, се црта со пегла и со мрсни боици. Инаку, јас сум архитект по професија, па уметноста како една нишка ме врза и за поезијата и за сликите – рече Деолска.
Промотор на поезијата беше Јасмина Атанасова Симјановска која пред присутните читаше дел од стиховите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.