| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Торес ја прослави „стотката“ за Атлетико Мадрид

fernando tores

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, на вчерашниот натпревар против Еибар во рамките од Примера дивизија успеа да стигне до големо остварување. Тој го постигна стотиот погодок во дресот на својот матичен клуб, потврдувајќи ја победата од 3-1. По завршувањето на натпреварот, го прослави историскиот погодок и со дрес со своето име, под кој стоеше и „стотката“.

Торес оваа сезона не игра многу, најчесто е резерва во составот на Диего Симеоне, но и понатаму е омилен лик на „Висенте Калдерон“. Тој ја почна својата кариера во Атлетико Мадрид, каде играше од 2001 до 2007 година, потоа се пресели во Премиер – лигата, ги носеше дресовите на Ливерпул и на Челси, оттаму замина во италијанскиот Милан, а сега како позајмен играч од „росонерите“ игра повторно за Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top