Нашата годинешна претставничка на 61. издание на „Евровизија“, Калиопи заедно со својот долгогодишен соработник Ромео Грил веќе работи на евровизиската песна што ќе ја отпее во мај во Стокхолм, Шведска. Пејачката ја соопшти веста деновиве на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од работната атмосфера во студиото.
Со претходниот евровизиски хит „Црно и бело“, пејачката ги освои срцата на бројни фанови на фестивалот ширум светот, кои беа воодушевени од веста дека таа повторно ќе биде дел од фестивалот, прогнозирајќи ѝ уште подобар пласман од претходниот. Калиопи сè уште не открива во каков стил ќе биде новата песна, ниту пак за кога е закажана официјалната премиера, но се знае дека ќе биде изведена во втората полуфинална вечер на 12 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.