| четврток, 6 декември 2018 |

Пизаро е првиот странец со 400 настапи во Бундеслигата

klaudio pizaro

Перуанскиот интернационалец Клаудио Пизаро се запиша во историјата на Бундес-лигата како првиот странец кој стигнал до 400 настапи во елитното германско фудбалско натпреварување. Тој на синоќешниот дуел меѓу Борусија Менхенгладбах и Вердер Бремен, го одигра јубилејниот 400.натпревар во германскиот шампионат. Тоа е неверојатно достигнување за еден странски фудбалер.

Покрај тоа, Пизаро постигна и погодок, со кој стигна до бројката од 182 гола во германското фудбалско првенство, што го прави петти најдобар стрелец на сите времиња. Со овој погодок тој се израмни со Улф Кирстен, поранешниот прославен голгетер на Баер Леверкузен.

Пизаро дојде во Бундес-лигата во далечната 1999 година, кога дојде во Вердер од Алијанса Лима. Тој во два наврати го носеше и дресот на Баерн Минхен, а беше и член на Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top