Лајпциг и дефинитивно веќе го губи здивот во трката за шампионскиот трофеј во Германија. Во 25. коло од Бундеслигата, Лајпциг убедливо загуби на гостувањето во Бремен од Вердер со 3-0.
Уште во 34. минута Јонузовиќ ја најави победата на домашните. Потоа погоди и Грилиц во 59. минута, за конечните 3-0 да ги постави Кајнц во 90. минута.
Лајпциг по овој пораз остана со 49 бода, десет помалку од водечкиот Баерн Минхен кој има натпревар помалку, оној утрешниот на гостувањето против Менхенгладбах.
Екипата на Волфсбург славеше минимална победа од 1-0 над фенерџијата Дармштад и се оддалечи од опасната зона за испаѓање. Единствениот гол беше дело на Марио Гомез во судиското продолжение од првото полувреме.
Резултати Бундес лига 25. коло:
Вердер – Лајпциг 3-0, Аугсбург – Фрајбург 1-1, Келн – Херта 4-2, Хофенхајм – Леверкузен 1-0, Волфсбург – Дармштад 1-0
ТАБЕЛА: Баерн Минхен 59 бода, Лајпциг 49, Борусија Д. 46, Хофенхајм 45, Херта 40, Келн 37, Фрајбург 35…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)