Во попладневната програма од 18. коло на Бундеслигата се одиграа шест натпревари, на кои стрелците беа расположени и постигнаа 20 гола. Фудбалерите на Баерн Минхен гостуваа во Бремен, кај Вердер и на крајот триумфираа со 1-2.
Баварците работата ја завршија во финишот од првото полувреме, откако Робен со фантастичен удар од петнаесетина метри го отвори резултатот, пред Алаба со еврогол од слободен удар да зголеми на 0-2. Домаќините во вториот дел успеаја да го совладаат Нојер, но и тоа се покажа премалку за да се стигне до позитивен резултат противв шампионот.
Лајпциг продолжува да им дише во врат на баварците откако новиот прволигаш славеше против Хофенхајм со 2-1, останувајќи на „минус три“ зад лидерот. Хофенхајм прв поведе со голот со Крамариќ, но Лајпциг покажа карактер и целосно го сврте резултатот во своја полза со погодоците на Вернер и на Сабицер. Мора да се истакне и дека Хофенхајм последните триесет минути ги играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Вагнер.
Најубедливата победа ја забележа Келн, кој како гостин го декласираше составот на Дармштад со 1-6, додека Волфсбург како домаќин загуби од Аугсбург со 1-2, иако „волците“ први поведоа преку Марио Гомез.
Резултати Германија:
Вердер – Баерн М. 1-2, Дармштад – Келн 1-6, Инголштад – Хамбургер 3-1, Лајпциг – Хофенахјм 2-1, Волфсбург – Аугсбург 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)