| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Федерер е инсипрација за сите, посакувам да играм како него на 34 години

djokovic i federer

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата која трае веќе неколку години, но Србинот е полн со респект за своите најголеми ривали. Тој не крие дека би сакал да го достигне рекордот на Роџер Федерер од 17 гренслем титули (му недостигаат уште шест), но исто така гласно го пофали швајцарскиот ас за формата што ја одржува и на 34 годишна возраст.

– Роџер на многу начини е инспирација за многу луѓе, па и за мене. Тој е голем шампион, некој кој е многу истраен, продолжува да игра на највисоко ниво и на 34 години. Одлично се движи, игра фантастично, лани стигна до две гренслем финалиња, годинава беше полуфиналист во Мелбурн, очигледно е дека се наоѓа во топ-форма и не гледам зошто би се пензионирал. Кога го гледам, тој дефинитивно ми е инспирација дека можам уште долги години да играм тенис. Дали ќе успеам и на тие години да играм на тоа ниво, искрено не знам, но ќе дадам се од себе – истакна Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top