| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел в понеделник во посета на Анкара

Германската канцеларка Ангела Меркел следната недела во Анкара ќе разговара со турскиот премиер Ахмет Давутоглу за справување со бегалската криза, изјави синоќа портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.

Тој додаде дека на донаторската конференција за Сирија во Лондон, Меркел и Давутоглу се договорија да се сретнат в понеделник, за да го разгледаат имплементирањето на планот за борба против мрежите за кријумчарење и за ограничување на миграцијата.

Во меѓувреме на средбата меѓу министрите за внатрешни работи на Германија, на Франција и на Грција во Атина, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер даде поддршка за целосно регистирање на бегалците во Грција и за организирање на нивното понатамошно патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top