Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.
Дневната највисока температура ќе биде во интервал од еден до осум степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец
Температурата ќе достигне до пет степени.
До понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.