Човечкиот мозок има 10 пати поголем капацитет за меморирање отколку што досега се мислеше – покажува новото истражување направено од научниците од Институтот за биолошки науки Салк во Калифорнија.
Истражувачите направиле 3Д реконструкција на ткивото нахипокампусот (центарот за меморија во мозокот) од стаорци и откриле нешто многу необично. Синапсите – врските што се формираат помеѓу невроните, биле дулирани во околу 10 проценти од случаите.
За да ја измерат разликата помеѓу овие дуплирани синапси, истражувачите направиле реконструкција на поврзаноста, формата, волуменот и површинските делови на мозочното ткиво на стаорецот на нано-молекуларно ниво, со помош на напредна микроскопија и компјутерски алгоритми.
Откриено е дека постојат мали варијации во големината на паровите од синапсите, во просек за околу 8 проценти.Тоа укажува дека постојат најмалку 26 категории на големини на синапсите, наместо само неколку како што се веруваше претходно. Според истражувачите, оваа дополнителна комплексност во димензиите претставува огромно зголемување на капацитет на мозокот за помнење.
Пресметките на истражувачите исто така покажуваат дека синапсите исто така ја менуваат својата големина и способност во зависност од невралната трансмисија. Околу 1.500 трансмисии предизвикуваат промени кај малку синапси (за кои е потребно околу 20 минути), додека неколку стотини трансмисии (1 до 2 минути) ќе направат промена во многу синапси.
„Ова значи дека на секои 2 или 20 минути синапсите ќе одат нагоре или надолу во големината. Синапсите сами се прилагодуваат во зависност од информациите што ги примаат“- објаснуваат истражувачите.
Овие наоди што се објавени во „eLIFE“, може да доведат и до напредок во компјутерството преку создавање на ултра-прецизни и енергетски ефикасни машини кои се засновни на техниките надлабинско учење и вештачка невронска мрежа.
Повеќе детали од истражувањето може да погледнете во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.