| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ги суспендираше Манасков и Стоилов

Поради прекршување на правилата на однесување, а согласно Дисциплинскиот правилник на македонскиот ракометен шампион Вардар, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделена суспензија.

manaskov-i-stoilov-615x400

Тие во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни.

Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани, се вели во соопштението на РК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top