| четврток, 6 декември 2018 |

Клинтон победи на првичните избори во Ајова

Поранешната прва дама на САД Хилари Клинтон победи на првичните избори во американската сојузна држава Ајова со предност од 0,2 отсто пред нејзиниот соперник Барни Сандерс, покажуваат конечните резултати, официјално објавени од Демократската партија на САД.

hilari klinton

Поранешната државна секретарка освои 49,8 проценти од гласовите, додека Сандерс 49,6 отсто.

– Толку сум среќна, што доаѓам од Њу Хемпшир, откако победив во Ајова, Таму победував и губев. Многу е подобро да победиш, изјави вчера Клинтон, имајќи го предизв поразот,  кој во Ајова во 2008 година го претрпе од актуелниот претседател Барак Обама.

Клинтон освои поголема поддршка од делегатите во Ајова, кои ќе бидат испратени на националната конференција, на која ќе биде определен кандидатот на Демократската партија.

Таа освои 700 делегати, наспроти 696 за Сандерс, иако Ајова претставува едвај еден отсто од делегатите, кои ќе бидат испратени на конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top