| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалиптични сцени: Торнадо носи се пред себе (видео)

Гувернерот на американската сојузна држава Ајова прогласи катастрофа во четири окрузи погодени од торнада.

Тој потег на американскиот гувернер Ким Рејнолдс овозможува да се користат државни ресурси како би се помогнало во средување на штетите, настаните откако торнадо помина низ окрузите Ли, Маршал, Полк и Ван Бурен.

Националната метеоролошка служба соопшти дека најмалку едно деструктивно торнадо минало низ централна Ајова, со силина на ветерот од 144 метри на час.

Во невремето повредени се 17 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top