| четврток, 6 декември 2018 |

Го избламира за сите времиња – Клинтон на НБА меч доживеа непријатност!(видео)

Шестиот меч на НБА плеј офот Милвоки и Бостон, кој Бакси го добија со 97:86 и изедначија во серијата на 3:3, од првите редови го следел поранешниот американскиот претседател Бил Клинотн кој добро ќе размисли кога следен пат ќе дојде на кошаркарски натпревар.

Пред, после и за време на мечот Клинтон со насмевка позирал и се фотографирал со навивачите на Бакс, а тогаш една мајка замолила тој да се фотографира и со нејзината ќерка.

Девојчето се насмеало, само за потребите на „шутингот“ и штом Клинтон се оддалечил од неа, ја погледнала мајка и, бидејќи не знаела за кого станува збор и прашала:

-Кој е ова?Дали е Доналд Трамп?

Ова сцена се разбира беше снимена, а видеото на девојчето кое не е сигурно со кој „важен“ се фотографирало, стана многу гледано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top