Моника Левински „се отворила“ и одлучила јавно да ги раскаже пикантериите кои со години ја скокоткале јавноста – од тоа како тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, нејзиниот шеф, ја завел до тоа како го исфлекала легендарниот син фустан.
Моника Левински во изминатите дваесетина години зборувала за разни медиуми, но ретко спомнувала детали од својата афера со Клинтон.
Меѓутоа, документарниот серијал „Аферата Клинтон“ (The Clinton Affair) на телевизиската мрежа A&E тоа се’ го променило.
Таа објаснила дека одлучила да учествува во документарецот за аферата со претседателот бидејќи не сака нешто слично било кога да и се случи на некоја млада жена.
Имено, за време на аферата со претседателот, Миника била 22. годишна неплатена правничка во Белата куќа.
Во епизодата која ја погледнала екипата на „Њујорк Пост“, Моника рекла дека воопшто не знаела дека има флеки на фустанот. Како што тврди, во еден момент помислила дека станува збор за флека од спанаќ.
Како што објаснила, флеката на фустанот останала после сексуалниот однос со претседателот во бањата во Овалната канцеларија, откако Клинтон и подарил украсна игла за шешир и книгата „Нитки трева“ Leaves of Grass), од Волт Витман.
„Тоа што ми ја подари оваа книга за мене имаше посебно значење. Тоа е интимна книга која не се дава туку така. Се’ што ме мачеше: дали тоа што го чувствувам е вистинско? Дали тука има нешто? Сите тие несигурности некако исчезнаа кога ми ја подари оваа книга“, рекла Моника.
Во Овалната канцеларија влегла со Клинтон и неговата секретарка која после извесно време се скрила. Клинтон и го предал подарокот и и’ рекол:„Слатка си со тие свои шешири“ или „Ти и твоите шешири“, така нешто, се потсетила Левински.
„Се упативме кон бањата, каде станавме уште поинтимни. Ми делеше комплименти, јас возвраќав. Дојдовме до точка во која тој во поранешните средби би застанал. Некако застанав и прашав дали сака да продолжи. Тој конечно рече:’Ок’“, рекла Моника Левински.
„Тогаш тој заврши а јас го прегрнав, и тој ме прегрна. Потоа си заминав“, објаснила Левински и што се случувало после фаталната средба.
“Тој ден излегов на вечера. Никој од луѓето кои ги сретнав не ми кажа дека имам флеки по целиот фустан“.
Кога информациите за нивната афера се појавиле во јавност во почетокот Клинтон тоа го негирал.
„Немав сексуални односи со таа жена“, рекол на конференција во белата куќа, стоејќи покрај својата сопруга Хилари Клинтон. Потоа, фустанот послужил како доказ бидејќи на фустанот имало ДНК на Клинтон, па немал избор, туку морал јавно да ги признае своите „игрички“ со младата правничка.
Скандалот набргу станал глобален, па дури извесно време ја потресол и претседателската позиција на Клинтон. Во низа, подоцнежни интервјуа, Левински објаснувала дека со години се криела од јавноста и често помислувала на самоубиство.
Истакнувала дека на медиумите им замерува што на Клинтон никогаш не му поставиле скокотливи прашања на кои таа биле секогаш изложена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.