| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Мора да и дојде крајот на Германија

„Го памтам мечот  Пелистер – Лемго, свеж ми е дуелот Вардар – Магдебург. Да не зборам за дуелте на репрезентациите, не памтам дека некогаш сме ги победиле. Но, мора да има крај таа црна серија“, вели дефанзивниот играч на македонската ракометна репрезентација, Бранко Ангеловски

Тој смета дека тимот на ова СП уште повеќе созреал.

„Последните денови минавме низ тешки мигови. Пораснавме, бевме заедно и научивме да победуваме. Такви мигови не очекуваат и во иднина, имаме шанса и се надевам дека таа шанса нема да ја испуштиме. Пред ова СП потајно се надевавме да ја избегнеме Франција, значи сега се е до нас. Германија е секогаш фаворит, без разлика со која екипа игра. Но, и ние имаме свои адути, се надевам дека ќе најдеме сили и ќе славиме во Барселона“, рече Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top