Зорица Петкоска, автор на збирката „3боригами“ издадена во МАТИЦА, во ноември 2015 беше учесник на конференција на млади писатели од Европа во градот Ганџа, Азербејџан. Овој град е избран за европски град на младите за 2016та година, титула која претходно ја носеле Кључ-Напока, Солун, Ротердам итн.
По тој повод, невладината организација „Одлар Јурду“, поддржана од Министерството за образование и наука на Азербејџан, избра млади писатели, новинари и блогери од Европа кои го посетија градот и имаа задача да пишуваат за него. На крајот на настанот, беше организирано јавно читање на делата и гласање, и беа избрани тројца победници. Третото место ѝ беше доделено на Милда Соколоваите од Литванија, првото место на Џада Пиери од Италија, а Зорица Петкоска го освои второто место со расказот „Соништа од Ганџа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.