| четврток, 6 декември 2018 |

Лара Флин Бојл – непрепознатлива

lf bojl segaПрекрасната актерка која што во деведесетите „палеше и гасеше“ со ТВ серијата Твин Пикс, во неделата се прошетала, што според тамошните извори, ретко го прави по Беверли Хилс. 43 годишната синоока бринета се сокрила зад очила за сонце и калчунка, било тешко и за искусните ловци на познати да ја „снимат“ зад „ значително пополнетите лице и усни“. Иако никогаш јавно не прозборела за тоа, видно изменетиот лик пред неколку години предизвика реакции на социјалните мрежи за наводни хируршки естетски зафати.

lara-flynn-boyle-inlineЗа некогаш најпосакуваната девојка, во 2010 година се најави пилот за сопствена реално шоу, но тоа никогаш не се емитуваше. Таа е во брак од 2006 година со еден од водечките луѓе во бизнисот со недвижнини. На времето Бојл беше во разни холивудски врски меѓу кои и со Џек Николсон, Дејвид Спејд, Метју Пери и Харисон Форд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top