Холивудскиот продуцент Брајан де Палма, кој во осумдесеттите години ги режираше култните хорор филмови “Carrie” и “Scarface”, овој пат пишува сценарио за хорор филм основан на приказната за скандалот со холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.
Вајнштајн минатата седмица официјално беше обвинет за силување и кривични сексуални престапи. Неговиот адвокат изјави дека тој ги негира сите овие обвиненија.
“Знам дека многу луѓе биле вклучени во сето ова. Со години слушав приказни. Продуцентите мора да стекнат доверба и љубов кај глумците, а да се повреди тоа на било кој начин е најлошата работа која може да се направи”, рече де Палма за медиумите.
Тој истакна дека ова сценарио е еден вид на борба против злоупотребата во филмската индустрија.
“Главниот лик нема да се вика Харви Вајнштајн. Но, ова е хорор филм со сексуален напаѓач и приказната ќе се одвива во сферата на филмската индустрија”, откри де Палма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет
-
Нова неразјаснета смрт во Холивуд